Заев: Во првата половина на јуни ќе излезам со конкретни решенија за промени во Владата

by Administrator

Премиерот Зоран Заев по завршување на Виенскиот економски форум изјави дека во првата половина на јуни има намера да излезе со конкретни решенија за промени во Владата.

„Во јуни месец и тоа првата половина на јуни имам намера да излезам со конкретните решенија за промени и тоа во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во Социјалдемократскиот сојуз, што ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата. Веројатно и во локалните самоуправи има одредени слабости кадешто се под ингеренции на СДСМ и владејачката коалиција. Секако промените ќе се случат. Јас реков тоа ќе се случи на почетокот на јуни, затоашто извештајот го затвора Европската Унија и го објавува на 29 мај, изјави Заев.“, изјави Заев.

You may also like