Шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба ја истакнале важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на чекорите важни за европската интеграција на земјата и одредување датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, го посочиле значењето на законодавниот дом во реализацијата на реформската агенда и во остварувањето на интересите на државава на меѓународен план.