(Дубаи – Портал) – Италијанскиот амбасадор во Скопје, Карло Ромео изјави дека Италија останува на позицијата дека државата треба да ги почне преговорите со ЕУ. Тој порача дека првата можност за тоа е на состанокот на Европскиот совет во јуни веднаш по европските избори.

„Сметам дека ова е важен момент за регионот, а особено за Северна Македонија. Од секогаш ја поддржуваме евроатлантската перспектива со сите реформи што земјата мора да ги спроведе, но битна е и пораката што ЕУ ќе им ја даде на Северна Македонија и на Албанија, рече Ромео кој имаше обраќање на Меѓународната академска конференција за европски интеграции „Иновирајќи ја Европа“.

Тој посочи и дека важни се реформите воправосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите.