Спасовски: Во ниту еден момент, нема да се градат кампови за било каква мигрантска криза

by Administrator

(Дубаи – Портал) – Mигрантите се уште се обидуваат илегално, самостојно или со помош на криумчари да транзитираат низ Република Северна Македонија и понатаму кон своите крајни дестинации. Иако не се отфрла можноста од активирање на западно балканската рута и нов прилив на мигранти од Иран и Авганистан преку Турција и Грција, нашата земја засега нема намера да гради нови бегалски кампови истакна министерот Спасовски на 72-от состанок на Управната група на Меѓународниот Центар за развој на миграциска политика, што се одржува во Охрид.

Директорот на управната група Шпинделегер нагласи на потребата од подготвеност бидејќи станува збор за појава која што не може да се предвиди.

Инаку податоците за 2018 година укажуваат на зголем број на обиди за илегално преминување на јужната граница, и бројот на откриени мигранти. А она што највеќе загрижува е што голем дел од илегалните мигранти се обидуваат да користат услуги на криумчари на мигранти, не само во земјава, туку и во целиот регион.

Mahir Demişoski

You may also like