(Дубаи – Портал) – Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е релаксиран од метлата на Заев, бидејќи и тоа е исклучиво во ингеренциите на премиерот.

Вицепремиерот Анѓушев, кој денеска имаше обраќање на регионална конференција за факторинг како алтернативен на финансирање на малите бизниси рече дека е чест е да се биде дел од Владата, но исто така е и напор. На новинарско прашање кога станува за најавената метла на Заев, тој рече дека е комплетно релаксиран од тоа прашање и тоа е исклучиво во ингеренциите на премиерот.

“Мислам дека тоа прашање е во ингеренции на премиерот и не би си земал слобода да го дискутирам. Несериозно е од кој било друг да дава одговор на тоа прашање”, рече Анѓушев

“Чест е да се биде дел од Владата, но исто така е и напор. Јас можам слободно да ви кажам дека сите тие кои заземаат државни функции треба да бидат свесни дека еден ден ќе ги напуштат, а и добро е да ги напуштат бидејќи не е така лесно да се биде во Влада. Јас комплетно сум релаксиран од тоа прашање и тоа е исклучиво во ингеренциите на премиерот.Американското економско списание Форбс во 2014 го прогласило Анѓушев за еден од петте најбогати Македонци”, надополни тој

Кочо Анѓушев е македонски стопанственик и сопственик на индустрискиот погон „Брако“. Анѓушев дипломирал на машинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1992 во Скопје. Магистрирал во 1995, а во 1998 станал доктор на науки и редовен професор на факултетот. Во периодот 2000–2002 бил помошник на генералниот директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ).

Во 2003 ја основал фирмата „Фероинвест“ која добила концесија врз 21 хидроелектрана во Македонија, а истата година Анѓушев купил мнозинство од акциите во фабриката за жичани производи „Брако“.

Подоцна тој го основал претставништвото на групацијата ЕФТ во Македонија, кое се занимава со трговија на електрична енергија. Анѓушев живее и работи во Скопје.

Американското економско списание Форбс во 2014 го прогласило Анѓушев за еден од петте најбогати Македонци.

Mahir Demişoski