(Дубаи – Портал) – Наскоро се гледаме на кафе, му порача премиерот Зоран Заев на претседателот Стево Пендаровски во видео порака. Тој не присуствуваше на инаугурацијата бидејќи, како што објави неговиот Кабинет тој ќе искористува неколку слободни денови и до вторник ќе биде на одмор.

„Драг Стево, нека е честито. Успеавме. Граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани подеднакво и на нашата држава. Честитки. Се гледаме наскоро во Скопје на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа“, порача премиерот Заев.

Mahir Demisoski