(Дубаи – Портал) – Од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјавија дека до претседателот Мицкоски нема упатено покана за присуство на инаугурацијата. Претседателот Христијан Мицкоски денот ќе го помине стандардно, со утринска прошетка и искачување на Водно, потоа продолжува со работни ангажмани во седиштето на партијата, каде има однапред закажани средби и состаноци. а, попладне ќе биде со своето семејство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак од партијата испратија жестоки пораки на адреса на власта, велат дека земјава нема да добие датум за почеток на преговорите во јуни. Пораките и препораките кои стигнуваа годинава за состојбата во која што се наоѓа Република Македонија, не допираат до Зоран Заев. Тој бесрамно се самонагради со незаслужен одмор за неспособното работење. Заев наместо да ги засука ракавите и да почне да работи на проблемите со кои се соочува државата, за да им обезбеди европска иднина на граѓаните, главна преoкупација му е со каков мотор ќе се вози, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Mahir Demisoski