До 17 часот од пребројаните гласачки ливчиња 95, 3 проценти, гласале 38, 23 проценти од граѓаните, соопшти Државната изборна комисија. Најголема излезност има во повеќе општини во државата како што се : Аеродром, Битола, Богданци, Вландово, Вевчани, Градско, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Карбинци, Крива Палнка, Кратово, Крушево и други. Најмала излезност, според ДИК, има во Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово, Ростуше, Липково.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски изјави дека нема пријави од инциденти и дека до затварањето на гласачките места, цензус ќе има.
„Изборите се одвиваат без посериозни нарушувања, досега немаме пријави за инциденти, а очигледно е дека ќе биде надминат цензусот“, изјави Дерковски на прес конференција на Државната изборна комисија.
Извор:НоваТВ









