Повик од Џевад Зариф за заедничко делување против едностраните чекори на САД

0
150

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф упати повик за спротиставување на едностраните чекори на Соединетите Американски Држави (САД) и истакна дека овие политики ќе почнат да им се закануваат и на другите народи.

Според објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Иран, Зариф кој учествуваше на 16. Состанок на министрите за надворешни работи на Дијалогот за азиска соработка во главниот град на Катар, Доха, во говорот што го одржа овде ги критикуваше политиките на Соединетите Американски Држави (САД).

Велејќи дека едностраните чекори на управата на САД кои даваат аларм на закана треба да се разгледаат од сите страни, Зариф рече: “Применувањето на една сила над волјата на еден друг народ, кога тогаш ќе почне да им се заканува и на другите народи.”

Тој ги критикуваше политиките на американскиот претседател Доналд Трамп во последно време и упатувајќи повик за “заедничко делување”, рече: “Доколку нашиот потенцијал и нашата сила не ги споделиме за земање под гаранција на мултилатералните политики, непријателскиот политички бран кој што се појавува еднострано наново би можел да го зафати целиот свет.На тој начин местото на легитимните влади би го зазеле влади кои што се управувани со закони на џунглата.”

TRT