Трамп го испрати на ратификација Протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО

0
284

Белата куќа го објави писмото што претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, го испрати до американскиот Сенат, јавува Anadolu Agency (AA).

Во писмото, Трамп, повикувајќи се на текстот што беше потпишан на 6 февруари 2019 година од страна на САД и засегнатите страни во НАТО, наведува „Со цел потпишување на Протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО, Протоколот му го препорачувам на одобрување на американскиот Сенат.“

Истакнувајќи дека со одобрувањето на споменатиот протокол, ќе биде можно приклучувањето на Република Северна Македонија во НАТО, Трамп ја даде следната оценка „Северна Македонија е неопходен безбедносен партнер на САД и нејзиното членство во НАТО директно ќе биде од корист за стратешките интереси на САД и НАТО Алијансата.“

– Протоколот потпишан на 6 февруари –

Во штабот на НАТО кој се наоѓа во Брисел, на 6 февруари се одржа церемонија на која министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, стави потпис на споменатиот протокол. На церемонијата присуствуваа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и постојаните претставници на 29 земји членки на Алијансата.

За отпочнување на членството на Северна Македонија во НАТО, потребно е парламентите на сите земји членки на Алијансата да го потпишат Протоколот за пристап и потребно е завршување на одредени формални процеси. Од тој аспект, како многу важен чекор се гледа фактот што администрацијата на САД до американскиот Сенат го испрати на одобрување споменатиот протокол.

До завршувањето на овој период, Северна Македонија на состаноците ќе учествува како гостин.