Абас ги одбива парите од данок, после потегот на Израел

0
118

Палестинскиот претседател Махмуд Абас потврди дека Палестинците одбиваат да примаат пари од данокот кој во нивно име го собира Израел, сé додека земјата го намалува износот за милиони долари поради споровите околу исплатите на затворениците.

“Нашата позиција е како што беше: ние нема да примаме пари од Израел ако е некомплетен”, изјавил Абас на седницата на неговата влада во Рамалах на Западниот Брег, додавајќи дека ова е нешто што Палестинците нема да го прифатат по секоја цена, пренесува France Presse.

Израел заработува речиси 190 милиони долари месечно од царина и даноци за стоки што минуваат низ нејзината територија а наменет е за палестинскиот пазар, а потоа ги пренесува парите на палестинската управа, објави Бета.

Во февруари Израел одлучи да ја намали сумата од 10 милиони долари, колку што палестинската влада, според тврдцењето на израелската страна, им дава на семејствата на палестинските затвореници или директно на затворениците кои служат во израелски затвори.

Палестинците одговорија дека одбиваат секоја сума која е унилатерално намалена.

Израелските медиуми објавија дека месечната сума, е намалена за 10 милиони долари, неодамна билА префрлена на банкарските сметки на Палестинската управа, со надеж дека ќе ја прими.

Сепак, пред две недели, парите биле вратени на израелското Министерство за финансии.

Израелскиот Канал 12 објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за финансии, Моше Хахлон, разговарале за план за вонредни состојби во случај на пад на палестинската економија поради одбивањето на Абас да прими пари од данок.

Извор:(Vijesti.ba / ФЕНА)