(Дубаи – Портал) –
Белгискиот федерален парламент денеска го одобри пристапниот протокол на Северна Македонија во НАТО. A информацијата ја соопшти белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс на Твитер.

„Задоволство ми е да соопштам дека белгискиот Парламент денеска го одобри законот со кој се прифаќа пристапниот протокол на Република Северна Македонија во НАТО, Белгија е на чекор да го финализира процесот на ратификација“, напиша Рејндерс.

Според процедурите во Белгија, прво законот треба да добие зелено светло од Државниот совет, чие мислење иако не е обврзувачко е многу важно, потоа законот да го одобри Парламентот пред да биде ратификуван.

Mahir Demişoski