Неочекуван проблем: Турција ќе го блокира влегувањето на Северна Македонија во НАТО,

0
9

Турција, наводно, се заканува дека ќе ја одложи ратификацијата на протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО доколку таа земја на Анкара не и екстрадира 15 турски граѓани обвинети за учество во неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година, пренесува грчкиот весник Катимерини.

Како потврдува весникот, Анкара инсистира на екстрадицијата на 15 турски државјани за кои турските власти веруваат дека се членови на мрежата на Фетулах Ѓулен, кого властите во Турција го обвинуваат за организирање на обид за државен удар.

Ова прашање го покренал и турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, за време на официјалната посета на Скопје на 3 април.

Исто така, за време на престојот на Хулуси Акар во Косово, поднел барање за екстрадиција на други турски државјани за кои се смета дека се на територијата на Косово и се дел од мрежата на Фетулах Ѓулен.

Катимерини, од своја страна, пишува дека премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, ги отфрлил барањата на Анкара и добил поддршка од европските официјални лица, кои, исто така, ја повикаа владата во Скопје да ги почитува човековите права на овие 15 турски граѓани.

Сепак, според Катимерини, министерот за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шеќеринска, во едно телевизиско интервју изјавила дека и Турција е потребна за ратификација на протоколот за пристапување во НАТО.

Анкара, исто така, од 2016 година преговара со Атина за судбината на осум војници, кои Турција ги обвини за учество во државен удар на кои Грција й даде азил.

Во февруари оваа година турските државни новински агенции Анадолија објавија дека турската влада понудила 5,6 милиони евра за враќање на турските офицери.

Извор:ekathimerini.com/ahvalnews.com/ alo.rs