НБО Сектор: Во ЕУ не се оди само со решено име

0
144

(Дубаи – Портал) – Државата продолжува да го занемарува фактот дека Ромите се граѓани на оваа земја, за нив “животот во Македонија“ сеуште не е започнат, на патот кон европското семејство потребно е да се обезбеди еднаков третман на ромите во судството, здравството, образованието и останатите сфери од општеството му порачаа денеска активистите во законодавниот ден на премиерот Зоран Заев кој пак го честиташе денот на Ромите. Активистите му возвратија дека 8-ми април не е среќен ден и покрај тоа што е меѓународен ден на Ромите.

„Среќен ќе биде 8-ми април ако владата до 2020 исполни барем 2% за правична застапеност на Ромите во институциите. Кога нема да бидат само хигиеничари и техничски персонал, вклучително и во овој законодавен дом.“ – вели Елвис Шакири – инстититут за истражување и анализи „Ромалитико“.

„На сите ни е јасно дека промената на името не не внесува во ЕУ по автоматизам. Обезбедете рамноправно учество на правно професионалци Роми во судството и генерално во системот на правда и не вадетете се дека нема едуцирани Роми.“ – вели Сенада Сали – Европски центар за правата на Ромите.

„Законот за јазици не ги таргетира и унапредува јазиците на заедниците кои се помалку од 20%, меѓу кои и Ромите го заседувата образованието на својот јазик во сите степени. Едно општество се гради со формирање на катедра за ромски јазик на филолошкиот факултет.“ – вели Фикрија Таир – граѓанско здружение „ Ромаверзитас“.

Ромите ги има секаде ама никаде не се заштитени рече вицепремиерот Бујар Османи кој заедно со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар го честитаа меѓународниот ден на Ромите, 8-ми април.

„Роми се најголемата група граѓани на светот присутни секаде, но веројатно никаде доволно заштитени и прифатени.“ – вели Бујар Османи – вицепремиер за европски прашања.

„Инклузијата на Роми како еден од индикаторите и показателите колку ние ЕУ и Северна Македонија како потенцијална членка, сме обединети во поглед  на интеграцијата и мора да делуваме по ова прашање.“ – вели Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија.

Mahir Demişoski