Одвреме-навреме постои напнатост меѓу полицијата и бегалците кои сакаат да ја напуштат земјата и да заминат во европските земји.
(Дубаи – Портал) – По ширењето на вестите на социјалните мрежи дека европските граници за бегалците се отворени, бегалците во околината на Солун повторно почнаа да се се собираат пред кампот „Анагностопулу“ во Дивата, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 500 бегалци, меѓу кои имало жени и деца, почнале да се движат кон границата на Северна Македонија, при што интервенирала полицијата.

Полицијата врз бегалците што сакале да ја преминат границата интервенирала со солзавец и звучни гранати, а бегалците возвратиле со камења и стапови.
Од друга страна, се забележува дека бегалците од соседните провинции и понатаму доаѓаат во Солун заедно со нивните семејства.
„Подготвени сме да се соочиме со зголемување на притисокот на јужната граница“, изјави денес министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со состојбата на јужната граница.
![]()
„Како резултат на лажни вести, еден дел од бегалците коишто биле стационирани во Грција, помислиле дека Балканската рута е отворена и поради тоа тргнале и кон нашата граница. Во текот на вчерашниот ден имавме консултации. И Министерството за внатрешни работи, пред сѐ, но и ние како негова поддршка сме подготвени да се соочиме со зголемување на притисокот на границата. Тоа покажува дека е важно да се биде буден и да се биде подготвен“, истакна Шекеринска.
„Ја следиме состојбата, меѓутоа, не случајно имаме постојано армиско присуство таму. Тоа армиско присуство продолжуваше дури и кога немавме ниту еден мигрант. Сега, се разбира дека на тоа се гледа дека бил оправдан чекор и оправдана одлука“, додаде министерката.

Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, вчера рече дека на јужната граница е зголемено обезбедувањето, како и тоа дека секојдневно добиваат информации од грчките колеги за состојбите во грчките кампови.
„Преку посебни планови е зајакнато обезбедувањето на државната граница помеѓу Грција и Северна Македонија. Досега станува збор за група од околу 1.200 до 1.500 мигранти. Засега грчките колеги ја контролираат таа бројка, но секако дека имаме обврска да бидеме подготвени да ја штитиме границата“, изјави Спасовски.

Во 2016 година, откако беа затворени европските граници, бегалците што останаа во Грција, живеат во тешки услови во камповите.
Одвреме-навреме постои напнатост меѓу полицијата и бегалците кои сакаат да ја напуштат земјата и да заминат во други европски земји.
Mahir Demişoski










