Спасовски: Постапки за екстрадиција на 15 припадници на терористичката организација ФЕТО.

(Дубаи – Портал) – Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски изјави дека преку Министерството за правда се водат постапки за екстрадиција на 15 припадници на организацијата ФЕТО, кои се наоѓаат на територијата на Северна Македонија.

-Двајца веќе не се на македонска територија – рече Спасовски, откако министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, за време на неговата посета на Скопје побара да се преземе акција против припадници на терористичката организација ФЕТО.

Додека, Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, истакна дека тој не очекува екстрадицијата на припадниците на терористичката организација ФЕТО, да биде услов за членство на Северна Македонија во НАТО, со оглед дека и Турција исто така членка на Алијансата.

– Турција знае дека мора да почитуваме меѓународни стандарди и правила. И секако ако има било каков доказ, ние ќе постапиме за било што. Се знае која е процедурата за екстрадиција, за постапување ако се работи за тероризам или било што. Ние сме сепак европска земја, со европски манири и сакаме да ги почитуваме тие правила – рече Заев.

Како потсетување Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен се обвинети поради неуспешниот пуч во Турција, на 15 јули 2016 каде загинаа 251 лице, а 2.200 беа повредени

Mahir Demişoski