(Дубаи – Портал) – Сообраќајната полиција санкционирала 26 возачи кои разговарале на мобилен телефон додека го возеле своето возило. Други 15 возачи се казнети бидејѓи не носеле сигурносен појас и пет возачи на мотор, мопед или мотоцикл поради не носење на заштитен шлем.
Како што информираат од СВР-Скопје, од сообраќај се исклучени шест возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 23 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило, двајца почетници и 27 нерегистрирани возила.
Превземени се мерки и против тројца возачи кои поминале на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, тројца за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување. Санкционирани се и двајца пешаци кои направиле сообраќаен прекршок.
За непрописно паркирање издадени се 121 мерка, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.
Mahir Demişoski









