Пендаровски до Силјановска: Подобро да се кандидирате за декан

0
126

(Дубаи – Портал) – Стево Пендаровски побара од Гордана Силјановска да се кандидра за декан на некој правен факултет, а не за претседател на Македонија во расправата за тоа дали Преспанскиот договор може да биде променет или не во првиот меѓусебен ТВ-дуел вечерва на Телма на двајцата кандидати за иден шеф на државата.

– Вие да се кандидирате за декан на некој правен факултет. Со нашите скромни правни и политички ресурси не може да се ревидира Преспанскиот договопр и да очекувате целиот свет да не следи во тоа – рече Пендаровски.

Силјановска му рече дека Пендаросвки и личи на „венецијански трговец“ и најави дека кога би ја превземала функцијата ќе се повикува на меѓународното право по сите прашања околу Преспанскиот договор.

– Непроменливоста е политичка , а не правна категоријата. Секоја генерација има право на свој устав – рече Силјановска.

Пендаровски и возврати дека во моментов нема потреба тој да предизвикува уставни промени.

– Преспнаскиот договор може да биде променет, тоа не е спорно, но важен е односот кој го создава во моментов тој, наведе Пендаровски.

Mahir Demişoski