(Дубаи – Портал) – „Влезот на Црна Гора во НАТО и обидите за вовлекување на Северна Македонија во Алијансата ќе резултираат со појавување на воени објекти на нивна територија и тие ќе мора да купуваат оружје направено во Соединетите држави“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за дневниот весник „Московски комсомолец“.
„Сега кога Црна Гора стана членка на НАТО, а Македонија е вовлечена во тој процес, сигурен сум дека таму ќе се појават воени објекти. Тоа нема да им донесе радост на сите. Воената инфраструктура повторно се движи кон исток. Тие ќе бидат принудени да трошат пари за да купат оружје што го произведува САД, а ситуацијата во Европа нема да биде постабилна“, изјави министерот Лавров.
Mahir Demişoski










