Турција бара од Македонија спроведување мерки против терористичката организација ФЕТО

0
122

Средба Шекеринска-Акар: Соработка во одбраната. Мерки против терористичката организација ФЕТО

(Дубаи – Портал) – Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар денес во Скопје се сретна со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, како и вицепремиерката Радмила Шекеринска.

По неговите контакти во Министерството за одбрана Македонија, Акар замина во премиерскиот кабинет во придружба на турскиот амбасадор во Скопје, а во Владата беше пречекан и од други министри.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека не е доведено во прашање ратификувањето на протоколот за членство во НАТО од Турција, по денешните изјави на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, кој е во посета на Скопје, дека очекува Македонија да се вклучи поактивно во борбата против тероризмот и дека од тоа зависи ратификувањето на протоколот.

Таа, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека со колегата од Турција не дискутирале за тоа за колку дена или недели ќе биде ратификуван протоколот, туку за прашања што ги засегаат двете земји.

„Ја цениме досегашната поддршка од Турција и типот на солидарност што го покажаа кон Македонија, особено во време кога во поддршката стоеше сама. Ние секако дека ќе одговориме на поддршката со истиот тип на солидарност и не очекувам одложување на ратификацијата на протоколот“, рече Шекеринска.

„Турција не е наш непосреден сосед, но секогаш се однесуваше и повеќе од сосед, беше тука кога на нашата држава и требаше помош и поддршка и ние тоа не го забораваме, нагласи Шекеринска“.

Таа кажа дека Турција сега е во изборна процедура, и дека за добрите односи со оваа земја е и договорот за воено-финансиска соработка кој стапи на сила на 5 февруари годинава.

Министерот Акар, сепак, предупреди дека структури на организацијата Фето, што постојат во Северна Македонија, им штетат на на односите на двете земји и го саботираат на некој начин пријателството и братските односи што ги имаме.

Mahir Demişoski