ИВЗ тврди дека поседува имот во половина Скопје

0
110

(Дубваи – Портал) – Меѓу имотот што ИВЗ го бара влегуваат плацови каде што е изградена Судската палата, дел од Македонска радио-телевизија, железничката станица, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Народната банка, Националната библиотека, Црвениот крст. Тие имаат доставено над 350 барања за враќање на имотот. Досега 15 отсто од имотот им е вратен, за 30 отсто се обесштетени со обврзници, а за 55 проценти од имотот чекаат одлука, но има и имот што државата одбила да им го врати. Тоа што државата не им го враќа имотот, од ИВЗ велат дека го доживуваат како исламофобија.

Од таму тврдат дека е вратен само 15 проценти од целиот имот на ИВЗ, 30 се оштетени со обврзници, а 55 проценти чекаат одлука.

Имотот било одземен со национализација по Втората светска војна, а сега дел од тој имот државата одбива да им го врати што во ИВЗ се дивува како – исламофобија.

„Ние бараме 4 милиони квадратни метри земјиште и 42.000 квадратни метри во објекти“ вели директорот за имотите на ИВЗ, Дритон Дикена.

„Изминува втората година од функционирањето на таканаречната реформска Влада, а ИВЗ нема конкретен одговор, а камоли реализација на барањата. Нашето незадоволство не е измислено, туку е плод на нефукционирањето на институциите. Ние се чувствуваме дискриминирани во процесот за денационализација. Играњето топло-ладно и празните ветувања дека ќе се решат проблемите ја минаа границата на нашето трпение. ИВЗ е навредена од квалификацијата дека писмото што го пративме до Владата претставувало уцена. Во нашиот код на однесување не живеат уцената и заканата, други се тие што уценуваат“, велат од ИВЗ.

Исламската верска заедница смета дека тие најмногу придонела за почитување на принципот на соживот и меѓусебно разбирање. Тие ѝ порачаа на Владата дека одземањето туѓ имот е грабеж, а селективниот однос кон верските заедници во процесот за денационализација е дискриминација.

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исламската верска заедница. Кога ИВЗ упати писмо до Владата во кое наведе дека ќе ги извести верниците од сите 700 џамии оти државата не им го враќа имотот, оттаму реагираа дека ИВЗ им се заканува, ги уценува и им поставува ултиматуми.

Mahir Demişoski