Бујар Османи најави врбување пратеници од опозицијата за СЈО

0
99

(Дубаи – Портал) – Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, најави врбување на пратеници од опозицијата за да се постигне двотретинско мнозинство за новиот Закон за јавно обвинитество, кој ќе го опфати статусот на СЈО, затоа што, според него, институционалните преговори на двете страни не даваат засега резултат.

Според него, времето е доцна и рокот е пробиен уште во февруари, до предсостанокот за Стабилизација и Асоцијација во Брисел,.а Европската комисија го чека резултатот бидејќи пред почетокот на летото треба да одреди датум за преговори на Македонија со ЕУ.

Ваквата реакција на Османи следува откако во петокот пропадна обидот на власта и опозицијата за договор со кој се крои судбината на Специјалното јавно обвинителство.

„Очигледно дека вчера таа рунда не успее да даде резултати. Јас сметам дека треба да се продолжи паралелно да се работи во две траектории. И во продолжување на обид за постигнување на консезус но и во комуникација со пратениците, за евентуално да се обезбеди мнозинство во Собранието“, вели Османи.

Mahir Demişoski