Исламската верска заедница со писмо до владата во врска настаните со Али Пашината џамија:

Владата ги отфрли обвинувањата дека било која верска заедница е фаворизирана. Им одговори оти со градење доверба а не уценувања се остварувале верските и сите други права, како и дека за споменатите верски објекти се водело постапки пред надлежни институции во кои извршната власт не се мешала.
– Во мултиконфесионално општество верските граѓански права и слободи се остваруваат преку постојан процес на градење на меѓусебна доверба помеѓу различните конфесии, а не преку ултиматуми, кои како правило на игра доколку го прифатат сите регистрирани верски заедници, сериозно негативно би се одразило врз општествената кохезија, одговараат од Влада.











