(Дубаи – Портал) – Поради здравствени причини, Кривичниот суд се одлучи на Стевчо Јакимовски да му одреди домашен притвор.
Тој е обвинет за злоупотреба на службена положба при препродажба на државнно земјиште. Иако Обвинителството за организирам криминал бараше притвор, сепак се одлучи да му одреди домашен притвор, при што му е одземена патната исправа.
Неговиот адвокат, Виктор Цветковски изјави дека ќе поднесе жалба за оваа одлука, бидејќи нема основано сомневање за делата за кои е обвинат Јакимовски. Тој исто така надополнува дека, минатата година Јакимовски бил обвинет за истото дело, при што бил ослободен.
Mahir Demişoski










