Стопирана изградбата на минарето на џамијата во Охрид

0
150

(Дубаи – Портал) – Стопирана изградбата на минарето на Али пашината џамија,конците во свои раце ги зеде Основното јавно обвинителство Охрид. Во предметот кој се однесува на изградбата на Али Пашината џамија, во моментов се води постапка против најмалку 7 лица

Управата за заштита на културното наследство ја стопира изградбата на 32 – метарското минаре на Али – пашината џамија. Надзорниот орган кој во петокот излегол на терен утврдил низа нерегуларности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот и парично е казнет.

Во телефонска изјава за ТВ“24“, Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, вели дека инвеститорот не се придржувал до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето.
– По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО).

Дополнително измените кои се направени во внатрешноста не одговараат на издаденото одобрение. Затоа изградбата е стопирана и има парична санкција.

Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција. Се работи за објект од крајот на 15 и почетокот на 16 век и треба да се направи стручна експертиза од страна на професори, архитекти и градежници, и да се утврди дали треба да се гради минаре со височина од 32 метри, вели Николовски.

Mahir Demişoski