СДСМ и ДУИ – Можен нов договор за трето дете

0
142

(Дубаи – Портал) – Додатокот за трето дете кое владата го укина со изговор дека нема ефект, односно дека не го добиваат оние на кој таа финансиска помош им е најпотребна, последните неофицијални информации говорат дека СДСМ и ДУИ се пред договор по ова прашање кое треба да се најде и во новото законско решение за социјална заштита.

Укинувањето на месечниот додаток и неговата замена со еднократна помош останува, а само социјално загрозените, односно оние кои имаат приходи помали од минимална плата и натаму ќе ги исполнуваат условите за финансиска помош за трето дете.

Инаку преговорите меѓу ДУИ и СДСМ за предложените измени во некои социјални закони, вклучително и тој за трето дете, се во тек. На помалиот коалиционен парнер во Владата не му се допаѓа укинувањето, сметајќи дека на тој начин ќе загуби од својот политички рејтинг кај своето гласачко тело, па токму поради тоа излезе и гласина дека се бара оставка за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во меѓувреме академикот Изет Зеќири се огласи на Фејсбук и напиша дека Владата ја укинала оваа помош затоа што се исплашила од тоа како истата придонесува за зголемување на наталитетот кај етничките Албанци.

“Мерката која се предлага не може да се споредува со правото кое го имале родителите, кои 10 години примале компензација за третото дете во висина од 8.300 денари. Анализите на владата дека додатоците за трето дете како мерка немале ефект, во себе го носат стравот за наталитетот претежно кај Албанците”, се вели во статусот на професорот и надворешен член на МАНУ.

Mahir Demişoski