(Дубаи – Портал) Власта и опозицијата ги стартуваат преговорите за предлог законот за јавно обвинителство со којшто се регулира идната работа и спојувањето на Специјалното јавно обвинителство со редовното јавно обвинителство.
Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе се сретна во министерството за правда на прв состанок на кој што треба да се разменат аргументите околу спорните делови од предлог законот.
Според најавите, работните групи на власта ќе ги предводат министерката за правда Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски ,а на опозицијата адвокатот Тони Менкиновски.
Опозицијата пред се’ спротивставува на тоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да продолжи да ја води оваа институција. Покрај законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и за другите реформски закони, меѓу кои и законите за агенцијата за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во република Северна Македонија.
За овие два закона денеска ќе се одржи јавна расправа во собраниската комисија за одбрана и безбедност. Неформален рок за договор е крајот на месецов односно пред паузата на собранието поради предизборната кампања. Законите кои ги договараат власта и опозицијата се важни за зголемување на шансите за добивање датум за преговори со европската унија во јуни.
Премиерот Зоран Заев денеска вели преговорите за судбината на СЈО не се пазар за криминал. Според премиерот амнестирањето од кривични дела заврши, но признава дека амнестирањето на пратениците беше со цел обезбедување на двотретинско мнозинство во собранието за уставните измени за промена на името на државата.
Mahir Demişoski









