Од полноќ поскапуваат бензините, поефтинува дизелот

0
153

(Дубаи – Портал) – Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ цена на бензините поскапуваат за 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намалува за половина денар.

Литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 66 денари, а Еуросупер БС – 98 ќе се точи по цена од 67,5 денари. Цената на Еуродизел се намалува за половина денар и еден литар ќе чини 60.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Mahir Demişoski