Заев: Ќе има предвремени парламентарни избори, доколку Пендаровски загуби од Силјановска

0
155

(Дубаи – Портал) – Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владеачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот – Гордана Силјановска Давкова. Ваков дуел се најавува на 27 април, односно на 7 мај за кога се закажани следните претседателски избори.

– Ако кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори, изјави Заев, според кого СДСМ се уште водела пред ВМРО-ДПМНЕ, но со мала разлика.

Заев ги најави законите за социјална помош и за социјална пензија, но стравува дека за нивно донесување во Собранието ќе треба повеќе време затоа што претстојат претседателските избори, а и можно е шефот на државата Ѓорѓе Иванов да не ги потпише, односно да ги врати на повторно гласање.

Mahir Demişoski