Илиевски: Ако Вучиќ толку го сака Груевски, блиску му е Будимпешта

0
116

(Дубаи – Портал) – Ирационална е надворешната политика која Република Србија ја води кон Северна Македонија и постојаните напади од српскиот претседател Александар Вучиќ кон премиерт Зоран Заев и Владата, изјави претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илиевски во неговото гостување во Централниот дневник на 1ТВ.

„Ако Вучиќ толку го сака Груевски, блиску му е Будимпешта, нека појде таму и нека се напијат кафе заедно“, вели Илиевски.

Илиевски вели дека е за поздрав тоа што и покрај постојаните прозивки, Владата на Северна Македонија и подава рака на Република Србија, не провоцира и води коректна политика, а Заев е своевиден Ганди на овие простори.

Mahir Demişoski