МВР истражува дали полициски службеници користат дрога

0
241

(Дубаи-Портал) Во осумте сектори за внатрешни работи во МВР започна систематска контрола на полицајците. Првични резултати, неофицијално зборуваат за осомничен полицајци за користење дрога. Извори од Министерството за внатрешни работи истакнуваат за Алсат дека систематските контроли завршиле во Тетово и во Охрид, додека во Струмица е пред крајот.

Контролите не завршиле во Куманово, Велес, Штип и Битола, а по завршувањето во секторите од горенаведените градови, контролите ќе започнат и во Скопје. Алсат дознава дека по систематските контроли, осомничените полицајци за користење наркотици ќе подлежат на судски вештачења.

Ако судското вештачење констатира дека полициските службеници користеле наркотици, МВР ќе донесе одлука согласно Закон или отпуштање од работа. Како што се соопштува, истрагата ќе се прошири и на откривање на каналите од каде се обезбедува дрогата.

Неофицијално, постојат сомнежи за мали количини на дрога запленета од активни корисници или и од соработката на полицајците со шверцерите. Колку за илустрација и врз основа на сомнежите дека не секогаш запленетата дрога од МВР се совпаѓа со испратената дрога во Обвинителство како доказ во судска постапка, побаравме податоци за количината на запленетите наркотици од полицијата за годините 2016, 2017 и 2018. МВР иако вети, не достави информации.

Истото го направија и Јавното обвинителство од каде соопштуваат дека бараме податоци за кои треба подолго време за да се обезбедат и не упатија дека конкретните информации можеме да ги бараме во полиција. До денеска, обвинителниот орган не ни достави информации во врска со запленетата количина каде истата се зема како доказ во судска постапка. Систематската контрола на физичката, здравствената и психичката состојба на полицајците е регулирана со колективен договор.

Полициските службеници се обврзани на секои 24 месеци да подлежат на детални прегледи, а една годишно на психичка контрола. Меѓународните пракси покажуваат дека полицајците се обврзани систематска контрола да вршат на секои шест месеци.

Mahir Demişoski