Лидерска средба меѓу Заев и Мицкоски

0
50

(Дубаи-Портал) Лидерската средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе започне утревечер во 20 часот во Владата, информираше денеска Заев.

Тој вели дека на средбата ќе се разговара за претстојните претседателски избори, реформските закони и сè што е во интерес на државата.

„Ќе почекам утре да видам кои се барањата, ќе ги соопштам и нашите предлози и сите заедно како одговорности на сите политичари и политички партии ќе разговараме. За деталите е преурането и не би ги коментирал“, изјави Заев.

На оваа средба не се поканети лидери на другите парии, оти, како што вели Заев, нема потреба од таков формат.

Mahir Demişoski