Премиерот Зоран Заев експресно го прифати барањето за лидерска средба со Христијан Мицкоски, на која ќе се разговара за иднината на СЈО и останатите реформски закони, неопходни за добивање на датум за преговори со ЕУ во јуни.
И власта и опозицијата подготвени да седнат на заедничка маса и да ја договорат иднината на Специјалното јавно обвинителство. Опозицијата е согласна дека треба да постои тело кое ќе истражува високо ниво на корупција, но не со Катица Јанева на чело.
Премиерот Заев вели лидерски ќе има не само за СЈО тука за сите отворено прашања околу кои е неопходен поширок меѓупартиски консензус.
За СДСМ останува неприфатливо опозицијата да предлага јавен обвинител. Велат не додека актуелното раководство не се огради од своите претходници.
Власта ќе инсистира ВМРО ДПМНЕ да биде дел од процесот СЈО да стане постојан дел од правосудниот систем, нема да се прават обид да се обезбеди двотретинско мнозинство без ВМРО ДПМНЕ.
Во оваа насока е и ставот на независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ дека поддршката на процесот за трансформација на СЈО треба да биде идентична со онаа при неговото формирање. Предлог законот е доставен до Собранието вчера, но нема да влезе во процедура за донесување без претходен меѓупартиски договор.











