Фолксваген ја избегна Македонија – ќе инвестира во Србија или Бугарија

0
243

Во трката да се донесе еден од најголемите автомобилски гиганти, Волсваген, остануваат само Србија и Бугарија, Македонија дефинитивно излегува од игра.

Премиерот пред еден месец изјави дека земјава лобира за влез на, како што рече, огромна германска инвестиција, но не го откри нејзиното име. Зоран Заев истакна дека за ова се заложил и кај советникот во кабинетот на канцеларката Ангела Меркел.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев пак вчера рече дека најавите за влез на Фолксваген во земјава биле само шпекулации.

Новата фабрика од групацијата Фолксваген би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно и да произведува 5 модели од Фолксваген, Шкода и Сеат, односно марки на возила кои се составни дел од германската фирма. Планирано е да оваа фабрика има 5.000 вработени, а од нив дури 650 инженери.

Премиерот Зоран Заев неколку пати досега изјавуваше дека земјава силно лобира и оти е оптимист дека ќе привлече големи светски имиња како Фејсбук и Гугл.