Најчевска казнета со 200 евра за фрлањето боја во „Шарената револуција“

0
166

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска вчера добила казна од 200 евра за фрлање на боја врз полициската станица Беко и Министерството за надворешни работи за време на Шарената револуција.

Најчевска вели дека и двете казни пристигнале на еден месец пред истекување на рокот за застарување, што според неа остава простор за сомневање дека таа е казнета затоа што има различни ставови со сегашната власт.

Што е целта на казнувањето? Вака како што е направено е единствена цел која јас можам да ја замислам е казнување кога некој се буни против власта, казнување кога некој бара контрола на власта и казнување кога некој се спротиставува на власт, која не ја врши работата така како што треба, друга цел не можам да замислам, порача Мирјана Најчевска – Универзитетски професор.

Најчевска вели дека протестите биле ненасилни и со фрлањето на бојата не било направено трајно оштетување врз институциите, но според неа Власта не ја сфатила симболиката на Шарената револуција. Освен тоа, таа се сомнева дека ваква казна добиле и премиерот Заев, кој фрлаше боја врз Министерството за правда и пратеникот Павле Богоевски, кој секогаш беше во првите редови на протестите. Најави жалба за диксриминација до второстепената комисија, врз основ на тоа дека не припаѓа на ниту една политичка партија, а потоа ќе поведе и управен спор.

– Немам намера да ја платам казната, туку имам намера да поднесам жалба и поднесувањето на жалба го стопира плаќањето на казната, Мирјана Најчевска – Универзитетски професор

– Ние употребувавме боја како најмал начин на можно оштетување на зградите, боја која што многу лесно се вади, ако појдете кај полиција Беко може да го усликате ѕидот кај што јас имам фрлено боја, нема ниту трага од боја бидејќи таа се вадеше со вода.

– Некој требало да ја исчисти?

– Значи можеле да ме викнат да ја исчистам доколку сметаат дека треба да ја исчистам.

По казната на Најечвска пристигнаа бурни реакции на социјалните мрежи. Актерката Ирена Ристиќ предлага да се соберат донации за да се плати казната од 200 евра. Новинарот Тричковски објави фотографија на која се гледа боја истурена врз Триумфалната порта, за што напиша дека е во знак на солидарност на Најчевска.

Неофицијално, казна од сто евра за фрлање на боја добил премиерот Заев, додека на Павле Богоевски му пристигнала 41 казна.