Заев: Имаме мали несогласувања со ДУИ, но ќе ги надминеме

0
173

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев рече дека во односите со коалициониот партнер ДУИ секојдневно се случуваат слабости во функционирањето, но истите ќе ги решаваат за да не ги загрозат глобалните процеси кои што се важни за сите граѓани.

„Овие слични слабости на функционирање кои што произлегуваат веројатно се наше секојдневие, ќе ги решаваме, но во никој случај не треба да ги загрозат глобалните процеси кои се важни за сите граѓани, за државата, а со самото се важни и за нас политичките партии“, кажа Заев.