Силјановска ги собра потребните потписи: За мене силно светна ден

by Administrator

Професорката, Гордана Силјановска, за неколку часа ги собра потписите со кои ќе се кандидира за претседател како надпартиски кандидат. Таа објави видео порака со благодарност за оние кои застанаа со своите потписи зад нејзината кандидатура.

 

„За рекордни неколку часа се собрани потребните 10.000 потписи со што официјално станувам кандидат за претседател. Не можам да најдам зборови со кои би ја изразила благодарноста, за мене како во рациновата песна „Силно светнал ден“. Мислам дека е тоа е денот кога ќе започнеме заедничка битка за право и правда“, порача Силјановска.

You may also like