Пораз на терористичката организција „ФЕТО“. Весникот Заман заминува во историја

0
287

(Дубаи-Портал)На официјалната страна на Заман – Северна Македонија, вчера објавија дека ова се последните денови од печатењето на весникот на територијата на Северна Македонија. Во кратки црти, Заман е весник создаден и финансиран од терористичката организација ФЕТО, кој оваа година доби субвенции од владата, па истите ги врати, по брзата реакција на Турската Амбасада и бурните реакции на јавноста, кои искажаа дека се против одлуката на владата, бидејќи Заман не е медиум кој власта треба да доделува субвенции.

На официјалната страна стои:

Весникот ЗАМАН Македонија повеќе од 25 години, следејќи ги универзалните вредности како што се мирот и културата на компромис, се стекна со симпатиите на сите страни од општеството.

Започнувајќи од минатата година, владата одлучи да додели субвенции на печатените медиуми поради состојбата во која се наоѓаат. ЗАМАН Македонија беше еден од 11 печатени медиуми кои добија субвенција, откако ги исполнија сите услови поставени од владината комисија.

Но, по доделувањето на субвенцијата, во јавноста се случи интересен развој на настаните. Колку за потсетување Турската Амбасада, прекршувајќи ги сите дипломатски конвенции и користејќи заканувачка реторика ја повика македонската влада да ја повлече субвенцијата. По ваквиот развој на настаните, ЗАМАН Македонија доброволно се откажа од помошта и веднаш ги врати срествата.

Како резултат на повеќекратните обиди за линч кон нашиот весник, редакцијата на ЗАМАН Македонија донесе одлука да стави крај на објавување на печатеното издание. Сакаме да ја информираме јавноста дека во наредните денови ќе ги објавиме последните изданија од весникот на турски и списението на албански јазик.

Имајќи ја предвид и насоката кон која се движи информативната дејност, ЗАМАН Македонија ќе продолжи да ја информира јавноста преку интернет порталите и социјалните мрежи.

По тој повод, најискрено им се заблагодаруваме на нашите верни читатели, кои одлучно го читаа весникот, без да подлегнат притисоците кои зачестија во последно време.

Особено им се заблагодаруваме на Здружението на новинарите на Македонија, Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми и и сите медиуми кои нѝ дадоа силна поддршка при последните настани.

Исто така најискрено им се заблагодаруваме на сите влади на Северна Република Македонија кои 25 години нѝ овозможуваа да работиме слободно, почитувајќи ја нашата медиумска слобода.

Mahir Demišoski