Израелските војници на границата со Газа убија 15-годишно дете

by Administrator

Гласноговорникот на Министерството за здравсто на Палестина во Газа, Ешреф ал-Кудра изјави дека Јусуф Саид Хусеин ед-Даје почина по добиените повреди во нападот на израелските војници.

Во интервенција на војниците во текот на мирните протести наречени „Маршот за големото враќање” кои Палестинците ги организираат долж границата со Газа, загина 15 годишно дете, а ранети се 41 лице.

Гласноговорникот на Министерството за здравсто на Палестина во Газа, Ешреф ал-Кудра изјави дека Јусуф Саид Хусеин ед-Даје почина по добиените повреди во нападот на израелските војници.

Додаде дека во интервенцијата на израелските војници се ранети 41 лице.

Палестинците од 30 март долж границата на Појасот Газа и Изрел организираат протести „Маршот за големото враќање”. Демонстрантите бараат враќање на териториите од кои се протерани, како и укинување на блокадата на Газа воведена во 2006 година.

Во интервенциите на израелските војници на протестите од 30 март убиени се повеќе од 230 Палестинци. Во истиот период во воздушните и тенковските напади на Газа убиени се најмалку 14 Палестинци.

Anadolija

You may also like