2
Почитувани, во рамките на својата Годишна Програма за работа, за 2019 година, Агенцијата за иселеништво ќе организира Камп на спорт и дружење помеѓу спортистите в од Струга и децата на нашите иселеници.
Кампот ќе се одржи од 05 – 10.08.2019 година во Струга. Сместувањето ќе биде во Хотел со полн пансион и оброци со здрава храна (вкупно пет, три редовни и две ужини), а трошокот ќе биде на товар на Агенцијата за иселеништво. Патот до Струга е во организација на родителите.
Во прилог ви ја праќаме целата програма на Кампот.
Рокот на пријавување е до 1 мај 2019 г.
Се надеваме дека нашите деца од иселеништво со задоволство ќе земат активно учество на овој Камп.




