СДСМ: Насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски не успеа

0
166

Не успеа обидот на Христијан Мицкоски, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку насилничко сценарио да создадат криза, да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април, соопшти СДСМ по вчерашните информации за инцидентите со притворените лица Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во истражниот затвор во Шутка.

„Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа провокацијата, не успеа смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. Не успеа театарот на Мицкоски со кој  се обидуваше да предизвика инциденти во болницата „8 Септември“.

Не успеаја ниту лажните вести што медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ синхронизирано ги пласираа во јавноста како дел од сценариото на Мицкоски и Груевски.

Институциите, граѓаните, нема да дозволат Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии, да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните, само за одбрана на организаторите и нарачателите на насилствата од 27 април.

Насилството ќе биде санкционирано, Мицкоски нема да успее, одговорност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има и ќе има“, соопшти СДСМ.