Обвинителството гони пет лица како организатори на крвавиот упад во Собранието на 27 април 2017. Меѓу нив е и експремиерот Груевски, како и избеганиот разузнавач Никола Бошкоски
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд доставило наредба за притвор на пет лица, осомничени за организирање на настаните од 27-ми април 2017 година, дознаваме од извори во истрагата.
Официјално нема податоци за кои лица се бара притвор, а се очекува официјално соопштение. Но, според неофицијални информации, две од лицата за кои се бара притвор се надвор од државата. Се претпоставува дека станува збор за поранешниот премиер Никола Груевски и за поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој повеќе од една година е во Грција.









