На градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари повторно му се одземени ингеренциите во образованието, тој тврди дека се работи за политичка одлука

0
280

На градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари му се одземени ингеренциите во секторот за образование, со образложение дека е осомничен за кршење на процедури при разрешување и именување на неколку директори на училиште во Гостивар, информираат од Министерството за образование за тв 24.

„Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари незаконски ги разрешил сите директори во основните и средните училишта во Гостивар. По реакција на просветниот инспекторат, дел од нив б иле вратени на работа и повторно разрешени. Ова е рецидивно постапување надвор од законските прописи“ – велат од Министерството за образование за тв 24.

Градоначалникот за тв 24 вели дека ова е политичка одлука како остаток од режимот спроведена од режимски министер. Таравари тврди дека нема ништо незаконски во одлуките за разрешување на директорите.