Заев на средба со Гаши за можностите за консензуален претседателски кандидат

0
49

Премиерот Зоран Заев, кој е претседател на СДСМ, е на средба во Клубот на пратеници со лидерот на „Алтернатива“ Африм Гаши, на која разговараат за можностите за заеднички кандидат за претстојните претседателски избори.

Заев потоа има закажано средба и со лидерот на ДПА Мендух Тачи. Вчера во Клубот на пратениците Заев имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, откако викендот во седиштето на СДСМ беа одржани средби со претставниците на помалите партии кои се дел од коалицијата.