Пет имиња во изборот на Заев и Ахмети за заеднички претседателски кандидат,до крајот на неделата ќе се знае конечната одлука

0
404

Заев вели на средба не дебатирале за имиња, се договориле меѓупартиските разговори да продолжат, но волја за заеднички настап на претседателски избори постои.

Ахмети, како и Заев, нема амбиција да биде претседател на државата. Вели несоодветно е претседател на партија да биде кандидат за шеф на државата.

И додека името на прифатливиот кандидат за СДСМ и ДУИ се уште се размислува, Заев е дециден дека професорката Гордана Силјановска не одговара на профилот на кандидат којшто го бараат партиите од власта.

Конечната одлука за заеднички кандидат е најавена за до крајот на неделата, а името на кандидатот се очекува да биде обелоденето на почетокот на следната недела непосредно пред одржувањето на Конгресот на СДСМ за избор на претсдателски кандидат. Заев утре ги продолжува меѓупартиските разговори со средби со Африм Гаши и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.