Претседателите на СДСМ и на ДУИ – Зоран Заев и Али Ахмети денеска на пладне во Клубот на пратеници ќе се состанат за да разговараат околу можност за настап со заеднички кандидат на претседателските избори во април.
Владините коалициони партнери повторно ќе направат обид за консензуален кандидат, откако тоа се истакна меѓу јавноста при првичниот обид на средбата која помеѓу двајцата лидери се оддржа неодамна.
Владините коалициони партнери денес ќе направат обид да дојдат до консензуален кандидат.
Централното претседателство на ДУИ одлучи да на пратседателските избори се појават со свој кандидат, но исто така тие се изјаснија дека не ја затвораат вратата за можен договор со СДСМ за консензуален кандидат.
Односите помеѓу владините партнери се заладија кога Заев одлучи преку оглас и на конгрес да избере кандидат кој ќе се бори за претседателското место, на што Ахмети му одговори дека на туѓа свадба не оди.
Истиот тој момент од ДУИ порачаа дека нема да застанат зад кандидатот за претседател предводен од СДСМ.
„Коалицијата предводена од СДСМ, која ја сочинуваат над 20 политички партии, се води искучиво од интересот на граѓаните, интересот на државата и нејзината иднина. Договорено е да продолжат пошироки консултации во рамки на самите партии, кои се дел од коалицијата, за избор на најсоодветен заедннички кандидат за претседател на државата, во интерес на граѓаните.“, соопштија од СДСМ.
По средбата со Ахмети, во следните денови се очекува Заев да се сретне со двете крила на БЕСА предводени од Африм Гаши и Биљал Касами, како и со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
После средбата со претседателот на ДУИ, во наредните денови исто така, се очекува средба со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, како и средба помеѓу Заев и двете крила на БЕСА предводено од Африм Гаши и Биљал Касами.










