Харадинај: Му кажав на Хан дека таксите ќе бидат укинати кога Србија ќе го признае Косово

0
194

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај се состана во Минхен со комесарот за проширување, Јоханес Хан и повтори дека таксите на српските производи ќе бидат укинати кога Србија ќе го признае Косово.

Харадинај рече дека Косово е определено за добрососедски односи од моментот кога нема да биде доведено во прашање неговото делување како суверена и независна држава.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека тоа му го кажал на Хан, во присуство на заменик премиерот и министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли и неговиот шеф на кабинет, Авниј Арифи.

Харадинај на Хан му рекол дека со оглед на тоа што Косово ги исполнило сите услови за визна либерализација, тоа треба да се случи и граѓаните на Косово да не останат и понатаму неправедно изолирани.