„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед на возилата. Компанијата ги праќала автобусите на технички прегледи во Авто-мото здружение Гостивар, потврдија од МВР. Оваа компанија е во сопственост на истт сопственик.
Оваа информација уште повеќе ја зголеми загриженоста кај јавноста дали автобусите навистина биле технички исправни и смееле да возат. Законски, сопственик на фирма што врши превоз на патници како „Дурмо турс“ може да поседува и станица за технички преглед, но правните процедури налагаат автобусите да се пратат на технички преглед во друга станица, што не било сторено.
Од Државниот инспекторат за транспорт за Алфа велат дека компанијата уредно поседувала 4 лиценци за превоз, 2 за внатрешен и 2 за надворешен транспорт. Овие лиценци имаат рок на траење од 5 години, а техничките прегледи се вршеле два пати годишно. Врз основа на потврдената техничка исправност на возилата, министерството за транспорт ги издало лиценците за превоз.











