Сопартијците и колегите на пратеникот на СДСМ, Благојче Трпевски од Гостивар, на социјалните мрежи му изразуваат сочувство за неговата голема загуба, откако вчера му почина синот во автобуската несреќа кај Карпалак.
– ,,Голема загуба“, ,,Нема зборови на утеха“, ,,Биди силен“, се само некои од пораките, пренесе Ако.
Јовица Трпевски е еден од 15 загинати во тешката сообраќајна несреќа. Сите загинати и повредени се од Гостивар.










