Нема да има предвремени парламентарни избори.

0
225

По барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, заедно со претстојните парламентарни избори, на синоќешната седница, Извршниот одбор на владејачката партија СДСМ, одлучи да нема предвремени парламентарни избори.

Од партијата јавуваат дека одлуката била донесена во интерес на граѓаните и државата, исто така информираат дека Извршниот одбор на СДСМ го овластил претседателот на партијата, генералниот и организацискиот секретар да направат консултации со коалициските партнери, парламентарни и вонпарламентарни партии за да се дојде до консензуален кандидат за претседател на државата.